Дома Топ вести Тотенхем и Милан спремаат трампа во јануари

Тотенхем и Милан спремаат трампа во јануари

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем е спремен да му понуди трампа на Милан во зимскиот преоден рок.

Франк Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Последната понуда од Милан изнесува 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси одбива да стави потпис бидејќи бара најмалку 8 милиони евра.

„Росонерите“ не сакаат да го загубат Кеси без обештетување и се спремни да го продадат во јануари, а најсилен интерес покажуваат ПСЖ и Тотенхем.

Имено, „Спарси“ се спремни да понудат трампа помеѓу Кеси и Ндомбеле, а „росонерите“ се заинтересирани за таква размена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…