Дома Трансфер зона Тотенхем во јануари се враќа по ѕвездата на Јувентус

Тотенхем во јануари се враќа по ѕвездата на Јувентус

Како што пишува „Daily Star“, Тотенхем повторно ќе се обиде да го донесе одличниот напаѓач на Јувентус, Паоло Диабала.

Аргентинецот беше блиску до траснфер во Тотенхем, двете страни се договорија за сите детали на договорот, но не успеаја да го комплетираат трансферот навремено пред да се затвори трансфер периодот во Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диабала не сакаше да си замине од Јувентус, но не е прв избор на тренерот Сари оваа сезона. Аргентинецот е резерва во тимот на Јувентус, статусот прв напаѓач во тимот го има Гонсало Игуаин. Ако ситуацијата не се промени до зима, 25-годишниот Диабала ќе си замине од Јувентус.

Од Тотенхем не се откажаа од идејата да го доведат играчот, а и Јуве сака да го продаде за да го наполни буџетот и да го намалат ростерот на непотребни фудбалери кои беа на листата за продавање, но не беа продадени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …