Дома Трансфер зона Тотенхем веќе најде замена за Кејн

Тотенхем веќе најде замена за Кејн

Хари Кејн во текот на целото лето сакаше да ја промени средината, но на крајот остана во Тотенхем. Сепак, „Спарси“ следното лето тешко дека ќе можат да го задржат голгетерот.

Поради тоа Тотнехем веќе почна да бара замена за Кејн, а прва желба е Оли Воткинс од Астон Вила. Англичанецот минатото лето пристигна од Брентфорд и ги исполни очекувањата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На 43 меча Воткин се запиша во листата на стрелци 16 пати, а запиша и 5 асистенции.

Во Тотенхем сметаат дека тој ќе биде идеален партнер на Сон, со оглед на тоа што може да игра на повеќе позиции во нападот.

Тотенхем ќе се обиде да го задржи Хари Кејн со нов договор, но тој бара да има откупна клаузула, што не му се допаѓа на претседателот Леви.

Поради тоа „спарси“ веќе избраа негова замена и следното лето најверојатно Кејн ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…