Милан вчера и официјално го потврди трансферот на Сандро Тонали.
Младиот италијански играч за врска за кои се бореа неколку екипи од Серија А се реши да потпише за Милан. Тонали не криеше дека овој клуб го избрал затоа што од мали нозе навива за „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тонали во Милан пристигна на позајмица во која Милан ќе плати 10 милиони евра, на крајот од сезоната тие ќе го откупат договорот за 10 милиони евра. Бреша може да добие и дополнителни 15 преку бонуси. Во Милан би требало да остане наредните пет години, а исто така Бреша ќе добие 10% од неговиот следен трансфер.
Интересен е бројот за кој се реши, Тонали ќе ја носи „осмицата“ која ја носеше легендарниот Гатузо.
Official Statement: Sandro Tonali ➡ https://t.co/50gJEvQsx3
— AC Milan (@acmilan) September 9, 2020
Comunicato Ufficiale: Sandro Tonali ➡ https://t.co/03KxYrjdMD
#ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/rYUdytW8X7