Дома Трансфер зона Толку од големите амбиции, Тевез и друштвото остана без тренер

Толку од големите амбиции, Тевез и друштвото остана без тренер

Уругваецот, Густаво Појет, од денес повеќе не е тренер на кинскиот клуб Шангај Шенуоха

Појет си поднесе оставка после серијата од четири порази во кинескат Супер лига, а клубот истата ја прифати и му се заблагодари на 49 годишниот Уругваец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последен натпревар на Појет на клупата на кинскиот клуб беше поразот на домашен терен од Хенан, кој клубот со големи амбиции го остави на само седум бодови повеќе од зоната за испаѓање на само седум кола пред крајот.

Како привремен тренер на Тевез и друштво беше назначен техничкиот директор Ву Џингуи.

Eкипата на Шангај за која настапуваат Карлос Тевез, Фреди Гуарин и Обафеми Мартинс минатата сезона заврши на четвртата позиција и во новата сезона влезе со големи амбиции, токму поради тоа беше ангажиран искусниот Густаво Појет. Покрај тоа беше доведен Тевез кој добива неделна плата од 800.000 долари, но Аргентинецот е далеку од формата со која настапуваше за Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Вест Хем.

Неверојатно звучи податокот дека Шангај победи на смо три од последните 18 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…