Дома Останати Толку од Агаси, Ѓоковиќ најде нов тренер

Толку од Агаси, Ѓоковиќ најде нов тренер

Чехот Радек Штепанек, некогаш осми на тениската АТП листа, е еден од главните кандидати за нов тренер на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на почетокот на мај ја раскина соработката со комплетниот стручен штаб, а по мастерсот во Рим објави дека негов тренер ќе биде прославениот Андре Агаси.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Сепак, иако беше присутен на Ролан Гарос, славниот Американец не е во можност целосно да ѝ се посвети на работата со српскиот тенисер. Агаси со Ѓоковиќ беше само за време на првата недела на Ролан Гарос.

Српскиот весник „Политика“ објави дека долгогодишното пријателство помеѓу Шташанек и Ѓоковиќ, односно фактот дека тие двајца често трениераат заедно може да доведе тие да почнат да соработуваат како играч и тренер.

Истиот извор наведе дека евентуалниот ангажман на Штешанек нема да значи и крај на соработката на српскиот тенисер со Андре Агаси.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ со семејството пристигна во Белград каде ќе се подготвува за третиот гренд слем, Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Укината суспензија на американски тенисер откако откри дека боледува од аутизам

Американскиот тенисер Џенсон Бруксби следната сезона ќе се врати на тениските терени. Млад…