Избраниците на Александар Тодоров, вечерва од Црвена Звезда го доживеаја најтешкиот пораз во АБА лигата, кога на гостувањето резултатот беше 112:73.
Тодоров по изјавата дадена за медиумите по мечот, истакна дека очекувал пораз, но не ваков, како и тоа дека не очекувал ваква игра од неговиот состав.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Очекувавме дека Звезда ќе победи на овој меч, пред се сметајќи на тоа дека се навистина подобар состав од нас. Се обидовме да го смениме составот, но ние игравме малодушно и без никакво заолжување на теренот, што не очекував. Се посрамотивме и себе и клубот. Не очекував навистина 39 поени разлика да загубиме. Се срамам“, истакна Тодоров.