Дома Фудбал Останато Тоа што му успеа вчера Роналдо го немаше направено 13 години

Тоа што му успеа вчера Роналдо го немаше направено 13 години

Кристијaно Роналдо вечерва одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Ал Наср и постигна хет-трик во само едно полувреме против Абха.

Роналдо го постигна првиот гол по само 11 минути игра, а веќе десет минути подоцна зголеми на 2:0. Следуваше гол на Садио Мане за потоа Португалецот да го комплетира хет-трикот. Петтиот гол во првиот дел беше дело на Ал Сулаихем. Првиот и вториот гол Роналдо ги постигна од слободен удар.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во второто полувреме кога работата веќе беше завршена Роналдо доби одмор и остана на клупата. Интересно Роналдо последен пат кога успеа да постигне два гола од слободен удар беше дури пред 13 години кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…