Во натпревар во кој не видовме премногу возбудвања на крајот славеше селекцијата на Иран.
Репрезентацијата на Иран запиша минимална победа против Мароко и тоа со автогол на напаѓачот Бухадуз во последните моменти од натпреварот.
Мароко одлично го отвори натпреварот и беше доминантен во поголемиот дел од првото полувреме.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На стартот од натпреварот Мароко беше подобриот тим и се закани уште во четвртата минута преку Белханда, а најблиску до погодок беа во 19 минута кога играчот на Јувентус, Бенатија не успеа да го совлада одличниот Бејранванда после општиот карамбол во шеснаесетникот.
Во продолжение Иран малку како да се консолидираше и започна да игра нешто подобро.
Азмун после една контра во 43 минута излезе сам пред голот на Мароко, но неговиот удар од непосредна близина го одбрани Мунир.
И во вториот дел работите не се променија многу, Мароко ја имаше иницијативата, но на крајот загубија на несреќен начин со автоголот во 95 минута.
За Иран ова беше само втора победа на светските првенства.