Дома Фудбал Италија Титулата најлош во Италија, замина во рацете на Габигол!

Титулата најлош во Италија, замина во рацете на Габигол!

Габигол изминатата сезона ја гледаше од клупата за резервни играчи, но успеа да постигне еден гол.

Меѓутоа, во Интер беа разочарани од неговата игра и летово одлучија да го испратат во Бенфика, каде Бразилецот исто така не успеа да се наметне со своите партии.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Бразилскиот напаѓач ќе се врати по само шест месеци позајмица, но Интер не сака да го задржи. Габигол до крајот на сезоната ќе замине повторно на позајмица, но овојпат во некој клуб од Бразил. Колку беше очаен изминатата сезона, покажува и фактот дека е избран за најлош играч во Италија.

„Златната канта“ оваа година е во рацете на Габигол во традиционалниот избор на Раи 2. Бразилецот е платен дури 33 милиони евра, но ниту еден меч не го стартуваше од првата минута. Може да се каже дека Габигол заслужено е најлошиот играч во Италија за изминатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…