Селекторот на фудбалерите на Бразил, Тите се радува на финалниот натпревар од Копа Америка кој „Кариоките“ ќе го играат на познатата „Маракана“.
Фудбалерите на Бразил ја победија Аргентина со 2:0 во полуфиналето. Стрелци за Бразил беа Габриел Хесус и Роберто Фирмино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За да го неутрализираме влијаението на Меси моравме да ја промениме формацијата. Фирмино играше малку поназад од вообичаено. Имавме и помал посед на топка. Меси е неверојатен играч. Иако секако и останатите се квалитетни играчи, тој заслужува да биде издвоен“, изјави Тите.
Тите за прв пат ќе го води Бразил во едно финале и тоа ќе биде не било каде, туку на „Маракана“.
„Тоа значи дека навистина ќе станам селектор на Бразил. Луѓето тука ве сметаат за играч само ако сте играле на „Маракана“. Истото важи и за тренерите“, порача Тите.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Чиле и Перу.