Дома Фудбал Останато Тите го објави списокот за Копа Америка и го шокира Бразил

Тите го објави списокот за Копа Америка и го шокира Бразил

Бразилскиот селектор Тите ја соопшти листа на фудбалери кои ќе играат на Копа Америка ова лето и изненади многумина.

Интересно е што на списокот го нема играчот од средниот ред на Ливерпул, Фабињо, ниту напаѓачот на Тотенхем, Лукас Моура, но и многу звучни имиња како Марсело, Вилијан, Винисиус…

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не беше лесно да се изберат играчите. Никогаш не сум бил во потешка ситуација, со ноќи не спиев и размислував кого да вода“, изјави Тите за бразилските медиуми.

На Копа Америка ќе настапат десет јужноамерикански земји, и гостите Катар и Јапонија. Бразил ќе настапи во Групата А, заедно со Боливија, Венецуела и Перу.

Комплетниот список:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Касиот (Коринтијанс), Едерсон (Манчестер Сити)

Одбрана: Алекс Сандро (Јувентус), Даниел Алвеш (ПСЖ), Едер Милитао (Порто), Фагнер (Коринтијанс), Филипе Луис (Ателтико Мадрид), Марквињош (ПСЖ), Миранда (Интер) и Тиаго Силва (ПСЖ)

Среден ред: Алан (Наполи), Артур (Барселона), Каземиро (Реал Мадрид), Фернандињо (Манчестер Сити), Лукаш Пакета (Милан) и Филипе Кутиљо (Барселона)

Напад: Давид Нерес (Ајакс), Евертон (Гремио), Габриел Жезус (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ), Роберто Фирмињо (Ливерпул) и Ричарлисон (Евертон).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јунајтед му нуди трампа на Милан, го сака Мењан

Манчестер Јунајтед по секоја цена бара сега друга опција за голманската позиција и најнова…