Големиот талент на Барселона, Ламин Јамал сруши уште еден рекорд.
Имено, Јамал стана најмладиот фудбалер кој според „Трансфермаркт“ достигнал вредост од 50 милиони евра.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Јамал има само 16 години, но веќе е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност. Неодамна тој стана најмлад стрелец во репрезентацијата на Шпанија и стандарден првотимец на Барселона.
Пред неколку месеци неговата вредност беше 25 милиони евра, меѓутоа за само неколку месеци достигна двојно повеќе. Јамал е роден 13. јули 2007 година.