Управата на Вест Хем јасно стави до знаење на останатите клубови дека ќе има големи амбиции во наредната сезона.
Имаат одличен тренер, Мануел Пелегрини кој работи на припремите на тимот за наредната сезона во која сигурно ќе имаат големи очекувања. „Чеканите“ го срушија клупскиот рекорд со доведувањето на Фелипе Андерсон од Лацио за сума од 40 милиони евра. Бразилското десно крило го пропушти комплетниот прв дел од минатата сезона поради повреда, но до крајот усепа да постигне осум голови и запише десет асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дури 27 милиони евра платија за Исо Диоп, 21 годишниот стопер на Тулуз кого го посакуваа голем број клубови. Од Дортмунд за 20 милиони евра постигна Андреј Јармоленко, а за голманот Фабијански од Свонси искешираа 10 милиони евра. За пет милиони евра го купија бразилскиот стопер Фабијан Бабуена, додека Џек Вилшер пристигна без оштета.
Вест Хем знаеше да потроши големи суми и во минатите сезони. Минатата сезона клубот потроши 57 милиони евра, а една година претходно 87 милиони евра, а во овој преоден рок веќе имаат потрошено повеќе од 100.
Кога ќе потрошите повеќе од 100 милиони евра на засилувања јасно е дека опстанокот не е единствена цел, Вест Хем сака најмалку место во Лигата на Европа.