Пред нас е уште еден богат спортски викенд. Петокот скоро секогаш важи за вовед во викендот, па ние ќе се обидеме тој вовед да ви го направиме добитен. Ова се нашите предлог типови за денес.
Херта – Баерн – 2&ГГ @ 2.20 во 1xBet
Се уште ни е во сеќавање дуелот Баерн – Херта изигран во Минхен минатата есен. Берлинците прикажаа тежок отпор, но останаа без бодови бидејќи Баерн победничкиот гол го постигна во судиското продолжение. Натпреварот заврши 4-3, а сите погодоци за Баерн ги постигна Левандовски. Херта игра воглавно добро, но против Баерн е многу тешко да се освои бод. Домаќините се наоѓаат на долниот дел од табелата и мора да променат нешто доколку сакаат опстанок. Баерн од друга страна нема да биде „милосрден“, па како најлогичен тип за овој дуел ни е 2&ГГ со квота 2.20 во 1xBet.
Свонси – Норвич – 0-2 @ 1.83 во Bet365
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете првопласирани екипи на англискиот Чемпионшип се сретнуваат во Свонси. Велшаните се во фантастична форма и врзаа седум натпревари без пораз со шест победи и само едно реми. Во тој интервал забележаа две победи во ФА Купот и стигнаа до 1/8 финалето од најстарото фудбалско натпреварување. Нивниот ривал, Норвич е во нешто послаба форма, но далеку од тоа дека немаат квалитет. Одбраната им функционира, но нападот им е тотално надвор од форма. Поради овие причини очекуваме мирен натпревар и типуваме 0-2 гола со квота 1.83 во Bet365.