Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 07.11.2023)

Тикет на денот (вторник, 07.11.2023)

tiket na denot

Денешната понуда е сосема добра благодарение на натпреварите од Лигата на шампиони. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Манчестер Сити – Јанг Бојс – 4+ @ 2.01 во Mozzart

Манчестер Сити е единствениот тим во групата Г кој има 100% учинок. Имено, овој тим во изминатите три кола запишаа три победи и собраа 9 бода, па тие веќе со „една нога“ се во нокаут фазата од Лигата на шампиони. Јанг Бојс од друга страна досега успеаа да земат само еден бод и ја делат третата позиција заедно со Црвена Звезда. На овој натпревар, Англичаните се огромни фаворити, па победата за нив е извесна. Ние очекуваме голеада и типуваме 4+ со квота 2.01 во Mozzart.

Милан – ПСЖ – ГГ @ 1.62 во 22Bet


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Екипата на Милан некако не се снајде во ова издание од ЛШ. Тие досега собраа само два бода преку две реми и еден пораз, па воопшто не е чудно што се наоѓаат на последната позиција на табелата. Исто така мора да нагласиме дека во последниот првенствен натпревар запишаа пораз, па на овој натпревар влегуваат со лошо расположение. Парижаните од друга страна се на првото место и се едни од поголемите фаворити за пласман во нокаут фазата. На овој натпревар решивме да го избегнеме конечниот исход и ви нудиме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.62 во 22Bet.

Ротерам – Ипсвич – 2 @ 1.41 во Bet365

Покрај натпреварите од ЛШ, за денес имаме и еден натпревар од англискиот Чемпионшип каде што ќе се сретнат екипите на Ротерам и Ипсвич. Домаќините досега прикажаа доста лоши игри, па затоа се дел и од црвената зона. Имено, тие запишаа 2 победи, 4 реми и 8 порази, но тоа не е доволно за да бидат на сигурно. Ипсвич од друга страна е на втората позиција и важат за едни од поголемите фаворити за пласман во елитата. Овде веруваме дека гостите ќе земат три бода без поголеми проблеми и типуваме 2 со квота 1.41 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.59

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 28.09.2024)

Денес имаме полна понуда и веруваме дека ќе ја направиме вистинската комбинација. Oва е на…