Уште два трансфери, па да се стави катанец на овој преоден трансфер период. Тоа е мотото по кое се водат челните лица на Јувентус, а сето тоа со намера конечно да се скрои тим достоен за европскиот трон. Бидејќи тронот на Италија одамна е надмината и рутинска категорија за Старата дама.
За конечен европски исчекор и преминување на тоа последно скалило, на кое „Бјанконерите“ заглавија два пати во последните две години, Масимилиано Алегри верува дека му се потребни Блез Матуиди и Жоао Кансело. Тој смета дека со овој тандем ќе ги пополнат дупките на жешките места во тимот – во срцето на редот за врска и на десното одбранбено крило.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е тајна дека Матуиди и Кансело се желба на првиот оперативец Џузепе Марота, а она што е новост е дека и двата трансфери се на чекор до реализација.
Како што тврди француски L’Equipe, агентот на Матуиди, Мино Рајола, со денови се наоѓа во Париз, каде се обидува да ја наговори управата од ПСЖ да го намали барањето за централниот играч за врска. ПСЖ се надева дека од Јуве може да извлече околу 40 милиони евра, додека Јувентус се надева дека нема да искешира сума повисока од 33 милиони европски пари.
Ваквото драстично неусогласување во цената настана бидејќи ПСЖ после кеширањето на неверојатни 222 милиони евра за Нејмар, сега мора да ги надокнади тие пари. Се пишуваше дека УЕФА до Паркот на принцовите испрати меморандум според кој од ПСЖ се бара до јануари 2018 година низ трансфери да направи 110 милиони евра, односно половина од сумата платена за Нејмар. За тоа, секако, ПСЖ треба да продаде што помалку, за што поголема сума.
Матуиди е еден од оние кои ПСЖ би можел да ги „жртвува“ заради мир во куќата, а наводно Рајола од Париз добил позитивни сигнали дека би можело да дојде до конечен договор. И тоа по нешто пониска цена, но и поповолни услови.
Што се однесува на Кансел, Superdeporte тврди дека Португалецот вчера разговарал со луѓето од Валенсија и им ја пренел својата желба да оди во Јувентус. На Местаља немаат ништо против, додека Јувентус на сметката им уплати 25 милиони евра. Таа сума не им одговара на „Бјанконерите“, па тие даваат околу 17 милиони со одредени бонуси.
И во Италија веруваат дека сè ќе биде решено најдоцна до средината на август. И тоа поволно за Јувентус. Алегри ќе ги добие засилувањата кои му се потребни за да си ги исполни сите зацртани услови за нов напад на европската круна.