Тиаго Силва побара од новите американски газди на премиерлигашот да престанат со неодлучноста и да направат стратегија за трансфери после елиминацијата во ЛШ.
Бразилецот ја критикуваше трансфер политиката и истакна дека бројот на фудбалери е толку голем што морало да ја прошират соблекувалната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека првите чекори кои беа направени, беа неправилни чекори. Не можеме да ги обвинуваме менаџерите без да преземеме одговорност. Ова е тежок период за клубот со многу неодлучност. Промена на сопствениците, многу нови играчи моравме да ја зголемиме соблекувалната бидејќи не не собираше“, изјави Силва.
„Можеби тоа беше мојот последен натпревар во Лигата на шампионите. Штета е што заврши вака. Мора да се стремиме да победиме на секој од седумте преостанати натпревари од сезоната. Кога ќе облечете дрес на Челзи, само треба да го направите тоа. Клубот е во многу тешка ситуација, но мораме да ја кренеме главата и да продолжиме да работиме“, изјави Бразилецот кој има договор на уште една година, но следната сезона Челзи нема да игра во ЛШ.