Aко погледнеме наназад низ историјата за Реал Мадрид не е се изгубено. Тешко е, но не е невозможно…
Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид и побара победа на сите 11 натпревари до крајот на сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, тој кажа дека не е ништо изгубено и дека Реал мора да продолжи да се бори иако Барселона е на +12 и Атлетико има пет бодови повеќе, бидејќи веќе еднаш тој бил во ваква ситуација.
Звучи неверојатно, но историјата се повторува. Имено, Зидан во својата прва сезона го превзема Реал од Бенитез, тогаш нешто порано во јануари, а после 27 одиграни натпревари Барселона имаше 69 бодови, Атлетико 61, Реал 57.
Меѓутоа на крајот титулата се решаваше во последното коло, Барселона успеа да го задржи првото место, но само со еден бод предност. Реал победи во последното коло на „Риазор“ против Ла Коруња, но Брселона беше сигурна против Гранада и на крајот го освои првенството со 91 бод, Реал имаше 90, Атлетико 88.
Покрај тоа Каталонците ги чекаат натпревари во Лигата на шампионите, додека Реал ќе игра само еднаш неделно и сигурно ќе бидат посвежи. Зидан ќе има прилика во секое коло да го користи своите најдобри играчи, секако ако нема повреди, додека Валверде ќе биде приморан да ротира. Тој има солиден избор, но за Меси и Суарез баш и нема адекватнни замени, проблем може да биде и одбраната.
Тешко е, но не и невозможно, Реал оди чекор по чекор, не зависи многу од нив, но враќањето на Зидан би требало да донесе сигурност во тимот и поголем мотив кај играчите.