Дома Фудбал Останато Тешки обвинувања: Тиери Анри ги навредувал и омаловажувал играчите на Монако!?

Тешки обвинувања: Тиери Анри ги навредувал и омаловажувал играчите на Монако!?

Тиери Анри доби отказ на клупата на Монако после само три натпревари. Анри е технички суспендиран, но Монако нема да го врати, а на клупата на Монако изгледа ќе биде вратен Леонардо Жардим.

Анри на 20 натпревари како тренер на Монако запиша само четири победи и го остави тимот во иста ситуација во каква што го најде – во борба за опстанок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега „Гоал“ открива дека Анри ги навредувал фудбалерите на Монако.

„На еден натпревар извикуваше: И што тој вреди десет милиони евра?! Тоа сите го слушнавме и навистина не беше пријатно. Каква порака испраќате на тој начин до играчите? Не навредуваше и омаловажуваше и на тренинзите, воопшто не сакаше да го слуша нашето мислење“, изјавил извор од соблекувалната за „Гоал“.

Играчите најмногу биле изненадени од големата промена во однесувањето на Анри. На почетоко изгледал како мирен, но како што доаѓале поразите станувал неподнослив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сензација во Манчестер: Тотнем ги расплака ѕвездите на Гвардиола (Видео)

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити го доживеа првиот пораз сезонава и тоа пред св…