Дома Фудбал Репрезентации Тешки обвинувања: Најпознатиот хрватски коментатор препродавал влезници за СП?!

Тешки обвинувања: Најпознатиот хрватски коментатор препродавал влезници за СП?!

Најпознатито хрватски коментатор Драго Ќосиќ се најде под истрага.

Ќосиќ е познат по својот темперамент при коментирањето на натпреварите, а сега се обвинува дека продавал влезници за Светското првенство во Русија на „црниот пазар“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се започнало од ФИФА кога светската фудбалска организација побарал извештај од јавните телевизии во Европа, помеѓу нив била и хрватска ХРТ. Кога ФИФА го побарала извештајот од ХРТ, според сериските броеви на картите било утврдено дека нешто не е во ред.

Започната е истрага, а потоа според некои информации на медиумите познатиот хрватски коментатор бил повикан на разговор. Наводно, Ќосиќ се бранел дека картите ги поделил на негови пријатели и дека не е информиран дали тие биле на натпреварите или пак ги препродавале.

Цените на картите на „црниот пазар“ достигнувале цена и до 20.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Неверојатниот Модриќ го сруши рекордот во Серија А стар 64 години

Фудбалерите на Милан ја совладаа Болоња со 1:0 во третото коло од Серија А. Единствениот г…