Од кога дојде Антонио Конте Раџа Наинголан е отпишан од Интер, а претходно ја напушти и селекцијата на Белгија со која не отпатува на Мундијалот, но тие проблеми се неважни во споредба со она што Наинголан се соочува на приватен план.
Сопругата на Наинголан Клаудиа Лаи со која е во брак осум години објави дека боледува од рак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таа оваа лоша вест ја соопшти преку нејзиниот Инстаграм профил.
„Веќе еден месец се будам со надеж дека сето ова е кошмар, но всушност јас живеам во тој кошмар. Се надевав дека овој ден ќе дојде колку што е можно подоцна. Деновите поминаа брзо, како и мојата среќа. Од денес започнувам ново поглавје во животот, а тоа е хемотарапија. Кој би кажал дека Клаудиа ќе стравува да започне нов ден, сега страв е преблаг збор. Што би можела да кажам после дожд од солзи? Време е за борба против овој ѕвер. Благодарна сум на семејството и пријателите кои ми помагаа во изминатиот месец. Среќно на сите кои го проживуваат овој кошмар. Никогаш немојте да ја изгубите својата насмевка“, гласи пораката на Клаудиа.
Раџа и Клаудиа се во брак осум години и маат две ќерки, седумгодишната Ајша и тригодишната Мајли.
Наинголан во последно време имаше неколку понуди од Кина, а сега е јасно зошто морал да ги одбие.