Според она што се пишува во шпанските медиуми Марк-Андре Тер Штеген наскроо би можел да го продолжи договорот со Барселона.
Актуелниот договор на Тер Штеген има важност до 2022 година, а со новиот тој би станал најплатен голман во светот. Германецот во изминатите години е еден од клучните играчи на Каталонците и наводно тој поставил барање да биде најплатен помеѓу голманите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И Барселона нема ништо против за продолжување на неговиот договор, но нив не им се допаѓа што Тер Штеген тоа го побарал во периодот кога се е стопирано поради пандемијата со коронавирусот и кога клубот мораше да ги намали платите поради намалените приходи.
Во овој момент вредноста на Тер Штеген се проценува на 70 милиони евра, исто како и Алисон од Ливерпул, поголема вредност од нив двајца има само Јан Облак од Атлетико (80 милиони евра).