Дома Фудбал Англија Тепачка со скршен нос на тренингот на Арсенал

Тепачка со скршен нос на тренингот на Арсенал

Двајца фудбалери на Арсенал се степале за време на тренингот во петок минатата недела, откриваат медиумите на Островот.

Физичката пресметка настанала откако Дани Себаљос остро стартувал над Давид Луиз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразилецот бил толку лут што го срушил соиграчот на земја со силен удар во нос. Себаљос, иако имал крвав нос веднаш станал да возврати, но соиграчите спречиле поголема тепачка.

На следниот тренинг, кој бил дури во вторник, двајцата се извиниле за инцидентот и ја признале грешката.

Притисокот во Арсенал е голем откако на последните четири меча запишаа три порази во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Страшна сцена: Велкоски на футсал натпревар се заби со глава во ѕид! (Видео)

Дуелот во футсал меѓу екипите на Сараево и Вратник беше засенет од немил настан во кој гла…