Голем скандал го тресе рускиот фудбал, а главни актери се ѕвездите на руската репрезентација Александар Кокорин и Павел Мамаев.
Како што веќе пренесовме, фудбалерите на Зенит и Краснодар физички нападнаа еден државен функциониер во локал во Москва, но сега се појавија и други информации.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Имено, Кокорин и Мамаев претходни дивееле по улиците на Москва и претепале уште еден човек. Тие во 7 часот утрово во алкохолизирана состојба излегле од стриптиз бар и почнале да кршат автомобиле, а и физички нападнале еден човек.
VÍDEO | Así fue la paliza que los acompañantes de Kokorin y Mamaev dieron a un chófer. El jugador del Krasnodar también participó en los golpes. pic.twitter.com/YNxP7TEXkl
— Minuto Ruso (@MinutoRuso) October 9, 2018
Потоа влегле во еден локал каде висок функционер во руското Министерство за индустрија и трговија и еден од највлијателните луѓе во Москва, им порачал на видно алкохолизираните и гласни Кокорин и Мамаев да бидат потивки. На тоа двајцата го нападнале, при што Кокорин со столица го нападнал политичарот кој се здобил со потрес на мозокот.
Но, и по тој инцидент се појавија дополнителни снимки кои покажуваат дека разулавеното дивеење на фудбалерите над случајни минувачи и недолжни лица продолжило и по излегувањето од ресторанот.
Двајцата фудбалери се веќе уапсени, а министерот за спорт потврди дека повеќе никогаш нема да играат за националниот тим.
Притоа, нивните клубови Зенит и Краснодар потврдија дека до разрешување на случајот и двајцата се отпуштени од клубовите и нивните договори ќе бидат раскинати. Според руските медиуми им се заканува казна затвор од 5 години.