Дома Фудбал Италија Тео Хернандез: Прифатив намалување на платата за да дојдам во Милан!

Тео Хернандез: Прифатив намалување на платата за да дојдам во Милан!

Тео Хернандез минатото лето од Реал Мадрид се пресели во Милан и една од ретките светли точки во тимот на „росонерите“.

Хернандез во интервју за „Газета дело Спорт“ призна дека бил возбуден кога добил повик од Малдини и веднаш прифатил да дојде во Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Малдини е икона на светскиот фудбал, кога ми се јави без многу возбуден. Се видовме на Ибица и веднаш се согласив да дојдам во Милан. На мојот агент му кажав да ја прифати понудата и прифатив помала плата само за да играм за овој клуб“, изјави Хернандез, кој откри дека во Реал бил навредуван и критикуван.

„Многу ме навредуваа во Реал и ме критикуваа. Направив неколку глупости, но сега созреав како личност. Се сметам за забавен и тивок тип, кој многу време поминува дома со кучињата или гледајќи тенис“, додаде левиот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уапсен поранешен играч на Ајакс, Сити и Атлетико Мадрид

Поранешниот играч на Ајакс и сегашен помошник-тренер на вториот тим на клубот, Кики Мусамп…