Манчестер јунајтед во следниот период ќе се обиде да ги поправи своите грешки од минатото и да ангажира нови засилувања, но и да ги избрка непотребните фудбалери, а еден од нив е Хари Мегваер.
„Гардијан“ објави дека тренерот Ерик Тен Хаг имал состанок со Мегваер и му кажал дека може да замине следното лето од екипата затоа што не е среќен од неговите настапи и повеќе им верува на Варан и Мартинез.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Мегваер ја има капитенската лента, но има и мала минутажа, па „ѓаволите“ ќе се обидат да спасат дел од парите кои ги вложија во неговиот трансфер, односно 87 милиони евра.
Тен Хаг му се заблагодарил за досегашниот професионален однос на Мегваер и следното лето ќе се обиде да најде соодветна замена во одбраната.