Дома Фудбал Англија Тен Хаг пресреќен: Игравме одлично, сите видовме што донесе Антони

Тен Хаг пресреќен: Игравме одлично, сите видовме што донесе Антони

Манчестер јунајтед врза четири победи во англиската Премиерлига по лошиот старт на сезоната, откако денеска славеше против Арсенал со 3-1.

Тренерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг е среќен што неговиот тим игра како што очекува и конечно почна да победува, па ги пофали новите засилувања.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Арсенал играше добро, но нашата одбрана беше на висина на задачата. Игравме навистина добро. Сите можевме да видиме што ни донесе Антони.

Ме радува тоа што сите се браниме и ова е доказ дека тимот е на добар пат. Ова е само почеток, доаѓаат подобри денови за навивачите“, кажа Тен Хаг.

„Ѓаволите“ по шест меча имаат 12 бодови и се наоѓаат на петто место, односно има три бода помалку од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Манчестер Сити заработува милиони, но и понатаму вози „Голф“ 🎥

Дефанзивецот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Хрватска, Јошко Гвардиол летото минат…