Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека нема клаузула со Ајакс која би му забранила да ги земе играчите од клубот.
Тен Хаг неколку години со успех го води Ајакс, а медиумите тврдат дека сигурно ќе сака да доведе некој фудбалер со себе на „Олд Трафорд“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Нема потпишан договор кој би ми забранил да носам играчи на Ајакс. Имам многу добри играчи таму, но тоа засега не е прашањето. Мораме да станеме шампиони на Холандија и се треба да биде фокусирано на тоа“, изјави Тен Хаг, кој веќе беше претставен во Манчестер.
Медиумите тврдат дека најголема желба на тренерот е капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ бидејќи смета дека тоа е играч кој ќе ја зголеми креативноста во тимот.