Дома Фудбал Англија Тен Хаг имал три услови за да остане тренер на Манчестер Јунајтед

Тен Хаг имал три услови за да остане тренер на Манчестер Јунајтед

Бараа навивачите на Манчестер Јунајтед промена на клупата и заминување на Ерик Тен Хаг, но тоа сепак нема да се случи.

Но, колку и да звучи чудно за јавноста островските медиуми пренесуваат дека Холанѓанецот имал свои услови за да остане на клупата.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Тен Хаг ќе остане и во наредната сезона, а договорот кој ќе го потпише ќе има важност од две години. Сега се откриваат и неговите три барања кои ги имал.

– Не сака да му биде диктирано или сугерирано од Џејсон Вилкокс како тимот треба да игра. Вилкокс е техничкиот директор на Манчестер јунајтед, кој има и тренерска лиценца.

– Нема да го врати Џејдон Санчо во првиот тимот додека тој не му се извини

– На неговиот помошник, Бени Мекарти да му биде даден нов договор

Останува да видиме во сезоната која следи дали ваквиот потег на раководството ќе се покаже како исправен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА отвори постапка и против Србија: Еве што се истражува

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот со…