Дома Фудбал Англија Тен Хаг го одржа првиот состанок во Јунајтед, главна тема било…

Тен Хаг го одржа првиот состанок во Јунајтед, главна тема било…

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не губи време, pа откако во средата ја освои третата титула на Ајакс, вчера го одржа својот прв состанок за планирање на сезоната на „црвените ѓаволи“.

Интересно што на состанокот бил присутен и Стив Мекларен, кој е поврзуван за негов помошник на „Олд Трафорд“, но барем досега клубот нема објавено вакво назначување. Покрај Мекларен, меѓу присутните биле и спортскиот директор Џон Марто и Мичел ван дер Гааг.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Четворицата разговарале за подготовката на „црвените ѓаволи“, а Тен Хаг сакал некои од играчите да се појават две недели порано од првично планираното, бидејќи холандскиот тренер смета дека повеќето од играчите не се во доволно добра физичка форма и им треба многу повеќе тренинзи за да можат да ги исполнат неговите барања.

Другата голема тема на која се разговарало било летниот трансфер пазар, како и можноста за привлекување на Френки де Јонг од Барселона. Последните денови многу се зборуваше за таков трансфер, а Тен Хаг ќе се обиде да го убеди својот поранешен пулен во Ајакс да премине во Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг ча направи реконструкција на тимот и ќе донесе неколку засилувања, а некои фудбалери сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити го добива судскиот спор и нема да биде казнет

Англиските медиуми најавуваат дека Манчестер Сити најверојатно ќе го добие судскиот спор п…