Уште еден внатрешен проблем создава тензија Манчестер Јунајтед, каде што веќе подолго време е „раздрмана“ атмосферата.
Според „Мирор“, овој пат причина е капитенската лента. Изданието тврди дека привремениот менаџер на тимот Ралф Рангник разговарал со актуелниот капитен Хари Мегваер и големата ѕвезда Кристиано Роналдо, кој несомнено е најискусниот играч на „црвените ѓаволи“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германецот има намера да му ја даде лентата на Роналдо и со тоа да ја ослободи тензијата од рамениците на Мегваер, кој веќе е во прилично лоша форма од почетокот на сезоната.
Рангник веќе преговара со двајцата и бара Мегваер да му ја предаде капитенската лента на Роналдо до крајот на сезоната.
28-годишниот Мегваер, кој дојде во Јунајтед за рекордни 80 милиони фунти во 2019, е постојано мета на критики за својата игра, но не сака да се откаже од позицијата на капитен и се чувствува „постојано поткопуван“ од Роналдо, кој има огормно влијание на младите фудбалери.
Се вели дека позицијата на Роналдо е сосема коректна за Мегваер бидејќи тој ги повикал играчите да го поддржат и да го слушаат својот капитен. Сепак, Рангник смета дека менторската улога на Португалецот треба да биде официјално поддржана од лентата.