Дома Фудбал Останато Тензично е во Хрватска: Кажа дека ќе навива против Динамо и – доби отказ!

Тензично е во Хрватска: Кажа дека ќе навива против Динамо и – доби отказ!

Роберт Јарни доби отказ од селекторската позиција на репрезентацијата до 17 години на Хрватска.

Јарни доби отказ откако Хрватскиот фудбалски сојуз ја потврди автентичноста на изјавата дека во мечот помеѓу Реал Бетис и Динамо во Конференциската лига ќе навива за Бетис, клубот каде што играше од 1995 до 1998.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


„Со едногласна одлука на извршниоит одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз Роберт Јарни е разрешен од должноста селектор на У17 репрезентацијата по непримерните изјави во медиумите. Сметаме дека е непримрено и недозволиво човек кој е на чело на една хрватска репрезентација отворено да навива против било кој хрватски клуб во европските натпреварувања“, стои помеѓу другото во соопштението.

Изјавата поради која Јарни беше отпуштен гласеше:

„Па, за кого да навивам? Бетис е мој клуб и во него поминав три прекрасни години, а во Динамо не играв. Не знам кој би можел да ми замери. Јас останав хајдукове во срце“, изјави Јарни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Taжна вест од Аргентина: Почина поранешен светски шампион

Луис Адолфо Галван, поранешен фудбалски репрезентативец на Аргентина и член на шампионскат…