Карлос Тевез дефинитивно не е обичен фудбалер.
Аргентинскиот напаѓач се роди и растеше во сиромашниот кварт „Фуерте Апаче“ во Буенос Аирес по кој го доби и прекарот, Апаче. Во споменатиот кварт Тевез и денес е идол, за што сведочат неговите два големи мурали на зградите во дресот на Аргентина и секако Бока Јуниорс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едноставно, тој е локална икона која за животот во квартот зборуваше за „Марка“.
„Се образував на улица, а не во школо. Многу му должам на Фуерте Апаче и се трудам да помогнам кога можам. Се сеќавам, како дете немавме доволна храна, но секогаш сите делевме се што имаме, го делевме тоа малку што го имавме. Иако сега живеам поинаков живот, тоа не сум го заборавил“, изјави Тевез.
Од Бока преку Коринтијас и Вест Хем Тевез стигна во Манчестер Јунајтед, а потоа играше за Сити, Јувентус, Шангај, а на крајот се врати во Бока, трет пат во неговата кариера.
Во 2013 му беше одземена возачката дозвола на шест месеци поради прекршување на ограничувањето за брзина во Маслесфилд, па се потсети на таа ситуација.
„Сфатив дека не сум Бог. Тоа е нешто кое фудбалерите некогаш си го замислуваат. Едноставно не возев според прописите и тоа е тоа. Не е важно дали сте познат, вие мора да одите во затвор ако погрешите нешто. На надлежните тогаш не им беше важно што сум играч на Манчестер Јунајтед“, се потсети напаѓачот.
Во Јунајтед играше од 2007 до 2009 и беше одличен во тандем со Кристиано Роналдо. Меѓутоа, Тевез со својот карактер никогаш не успеа да се сложи со човек каков што е Алекс Фергусон.
„Фергусон се замислува дека е претседател на Англија. Со тој старец беше невозможно да се зборува и расправа бидејќи од секоја ситуација ќе излезевте како поразен. Меѓутоа погреши што ме остави во клупата во финалето од Лигата на шампионите против Барселона во Рим“, истакна денес 36 годишниот капитен на Бока.