Дома Фудбал Останато Тевез каков што го паметиме – гол во 95-та минута за победа на Бока! (ВИДЕО)

Тевез каков што го паметиме – гол во 95-та минута за победа на Бока! (ВИДЕО)

За вчерашниот триумф над бразилскиот Атлетико Параненес Бока Јуниорс може да му се заблагодари на искусниот Карлос Тевез.

Бока вчера го пречека Атлетико Параненс во последното коло од групата Г во Копа Либертадорес и славеше победа со резултат 2:1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На домаќиот потребен му беше пресврт бидејќи бразилскиот тим стигна до водство во 66-тата минута преку Рубен.

Лопез изедначи во 72-та миута на 1:1, за длабоко во судиското продлжение за пресврт и победа на Бока да погоди Карлос Тевез кој влезе во игра за 70-тата минута.

Тевез голманот на гостите го матираше „од прва“ од врвот на казнетиот простор и така го обезбеди првото место на својата екипа во групата Г.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез ќе предизвика „земјотрес“: Реал Мадрид плаќа 160 милиони евра за засилување

За многумина, Реал Мадрид направи изненадување откако го елиминираше Манчестер Сити во осм…