Тајсон Фјури се откажа од шампионските титули во тешка категорија во верзиите на WBO и WBA. Контроверзниот Ирец на ваков чекор се реши откако беше позитивен на кокаин.
Фјури пател од депресија и поради тоа земал кокаин, а откако скандалот беше откриен, тој изјави дека размислувал и за самоубиство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ирецот, кој минатата година го победи Владимир Кличко и стана апсолутен шампион во тешка категорија, два пати се повлекуваше од реваншот со украинскиот боксер.
Тајсон Фјури по скандалот реши да ги врати шампионските појаси со надеж дека кога ментално и физички ќе закрепне ќе може повторно да се бори за нив.
Неговиот вујко и тренер, Питер Фјури, изјави дека Тајсон ќе се врати во рингот и дека ќе ги врати титулите таму каде им е местото.
Во меѓувреме, светските медиуми, повикувајќи се на изјавите на боксерските промотори, објавија дека за титулите ќе се борат Ентони Џошуа и Владимир Кличко, но дека официјален договор сѐ уште не е постигнат.