Дома Фудбал Останато Тајсон не се шегува: Пол се лаже, ако мисли дека ќе му биде лесно

Тајсон не се шегува: Пол се лаже, ако мисли дека ќе му биде лесно

По скоро 20 години, Мајк Тајсон ќе влезе во рингот за бокс меч и тоа во меч против Џејк Пол кој е закажан за 20-ти јули на стадионот на Далас Каубојс.

Засега нема информации дали мечот ќе се смета за официјален или ревијален, но без разлика истиот привлече голем интерес од јавноста.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред медиумите за борбата сега зборуваше и Тајсон кој потенцираше дека во подготовките влегува максимално сериозно.

„Не сметам дека Пол е побрз. Тренирам и работам секој ден, сериозно го сфатив овој дуел. Станувам порано, трчам, во 13 часот одам во теретана, а потоа работам на тренинг за сила. Пол со текот на времето многу напредна и сега е сериозен боксер.

Во минатото го гледав како 16-годишник како танцува на јутјуб, меѓутоа тоа не е човекот со кого ќе се борам. Сигурен сум дека ќе се обиде да ме повреди, но навикнат сум на тоа“, истакна Тајсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…