Екипата на Барселона го задржа стопостотниот учинок во Лигата на шампионите откако го совлада грчки Олимпијакос со 3:1.
Барса славеше победа иако од 42 минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Жерард Пике. Играч на натпреварот беше Лионел Меси кој беше стрелец и асистент при погодокот на Лукас Диње.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси покрај играта вниманието на јавноста го привлече и поради интересниот детал од 10 минута од натпреварот.
Имено, камерите го забележаа моментот кога Аргентинецот од штуцните извлече таблета и ја стави во уста. Шпанските медиуми пишуваат дека Меси користел глукозна таблета за зголемување на енергијата.
Изгледа дека таблетата делуваше, напаѓачот на Барселона потоа го постигна 100 гол во европските натпреварувања.
„Не знам дали земал таблета. Но ако тоа е причината поради која постигна погодок во иднина нека земе неколку таблети“, изјави тренерот Валверде после натпреварот.