Дома Фудбал Лига на шампиони „Татко ми ме побара после натпреварот, постави едно прашање за Меси и почнавме да се смееме“

„Татко ми ме побара после натпреварот, постави едно прашање за Меси и почнавме да се смееме“

Канадскиот фудбалер Алфонсо Дејвис синоќа одигра одличен натпревар во победата на Баерн против Барселона.

Овој 19-годишен лев бек во Баерн пристигна на почетокот на минатата година од Ванкувер како резервен фудбалер, а потоа веднаш се прилагоди на првиот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дејвис имаше за задача да го чува Лионел Меси и тоа фантастично го направи. После натпреварот откри дека Аргентинецот секогаш бил негов идол, па по натпреварот се слушнал со татко му и почнале да му се смеат на Меси.

„Татко ми се јави после натпреварот и ми кажа: Значи, играше против твојот идол. Му одговорив кратко ‘Па, да’ и почнавме да се смееме. Не можевме да поверуваме затоа што тој најдобро знае колку го следев Меси кога бев помлад“, рече Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…