Дома Трансфер зона Таткото на Игуаин ја откри иднината на напаѓачот

Таткото на Игуаин ја откри иднината на напаѓачот

Во последно време се повеќе се шпекулира за иднината на Гонзало Игуаин и можноста да го напушти Јувентус.

Пред неколку дена „Скај Италија“ објави дека Игуаин одбива да се врати во Италија и сака да остане во Аргентина покрај болната мајка.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес неговиот татко Хорхе категорично ги демантираше таквите тврдења и истакна дека Игуаин ќе остане во Јувентус до крајот на договорот.

„Се што е кажано во медиумите не е вистина. Можам да ви кажам дека Гонзало ќе остане во Јувентус до крајот на договорот. После тоа ќе одлучи што понатаму. Тој сам ќе одлучува за својата иднина“, изјави Хорхе.

Игуаин има договор со „старата дама“ до 2021 година, а оваа сезона игра важна улога во тимот и одигра 34 меча на кои постигна 8 гола и запиша 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…