Дома Фудбал Останато Таткото на Валенсија ги откри четирите опции кои ги има неговиот син за продолжување на кариерата

Таткото на Валенсија ги откри четирите опции кои ги има неговиот син за продолжување на кариерата

Еквадорскиот фудбалер, Антонио Валенсија дефинитивно нема да остане во Манчестер Јунајтед по оваа сезона, потврди и неговиот татко Луис.

Луис во разговор за еквадорскиот весник „Ел Универсо“ порача дека на се во животот доаѓа крај, па така и соработакта на Антонио Валенсија и Манчестер Јунајтед.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Тој дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Сака промена, а ниту клубот не е заинтересиран да го продолжи договорот. Како и на се во животот, така и на ова дојде крајот. Арсенал, Интер и Вест Хем се опциите, како и еден клуб од Кина. Но, во фудбалот се се менува. Тој сака да ја избере најдобрата опција, но пред се сака да потпише договор на две години. Не поради парите, туку поради мирот. И ми кажа дека сака да си оди во клуб кој се бори за важни работи“, изјави Луис.

Инаку, Валенсија во Јунајтед пристигна летото 2009. година од Виган и од тогаш беше незаменлив во првиот состав на „Црвените ѓаволи“. Инаку, неговото заминување неодамна го наговести и тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…