Серхио Агуро го напушти Манчестер Сити и се пресели во редовите на Барселона.
После 10 години Агуеро се реши да си замине од „Етихад“, а на крај покрај бројните понуди ја избра Барселона. Во редовите на Каталонците Агуеро стигна како слободен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола пушти солзи кога зборуваше за Агуеро во последниот натпревар, но за Леонел дел Кастиљо тие солзи биле лажни.
„До последен момент син ми чекаше знак од Гвардиола за да го продолжи договорот. Тој знак на крајот не го доби па беше приморан да си замине. Среќен е што ќе игра во Барселона, во игра беа Арсенал и Челзи. Сепак, сакаше нов предизвик. Исто така се радува што ќе игра заедно со Меси, двајцата се знаат од 15-тата година“.
„Во солзите на Пеп не верувам, мислам дека тој никогаш не го сакаше. Пеп е човек кој сака да командува и да биде во центарот на вниманието. Вели дека бил незаменлив, а не го користеше во екипата“, изјаави Кастиљо.