Арсенал покажува сериозен интерес за талентот на Барселона, Рики Пуиг, пренесуваат медиумите на Островот.
Пуиг важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но не добива доволно минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона неодамна го продолжи договорот со Рики Пуиг на уште две години, но не затоа што сака да го задржи туку само за подобро да го продаде.
Имено, договорот на Пуиг истекуваше на крајот од сезоната и во таков случај клубот од неговото заминување во јануари ќе заработеше симболична сума. Затоа Барса со активирањето на клазулата автоматски му го продолжи договорот на Пуиг на уште две години.
На Барселона и се потребни финансиски средства и е спремна да го продаде на лето за 15 милиони евра, а Арсенал е спремен да ја плати таа сума.