Бастијан Швајнштајгер е уште еден од низата фудбалери кои одлучија оваа година да стават крај на кариерата.
2019. година сигурно ќе остане запаметена по тоа што многу јунаци од нашето детство одлучија да ги закачат копачките на клин и да стават точка на својата играчка кариера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Последен во низата кој тоа го направи е Швајни кој најдобрите денови во својата кариера ги помина во дресот на Баерн.
Од фудбалерите кои се опростија од активниот фудбал ЕСПН направи состав од најдобрите 11, кој изгледа неверојатно. Сигурно дека овој состав пред десетина години би бил несомнено силен тим.
Најдобриот состав од играчи кои се пензионирале: Чех, Евра, Хуан, Барзагли, Кол, Швајнштајгер, Снајдер, Чави, Робен, Торес, Ето.