Баерн Минхен против Бенфика стигна до вториот триумф сезонава во Лигата на шампионите, но натпреварот ќе остане во сенка на трагедијата која се случи на трибините.
Имено, непосредно по почетокот на дуелот натпреварот беше прекинат затоа што судијата доби повик дека на навивач на трибините му се слошило и тој колабирал.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На навивачот му била укажана лекарска помош по што бил пренесен во болница. За жал таму ја загубил битката.
„Баерн е во трага заедно со најблиските на починатиот навивач. Смртта ја засени нашата победа од 1:0 против Бенфика“, објави германскиот гигант.
FC Bayern in Trauer: Todesfall überschattet 1:0 gegen Lissabon.
— FC Bayern München (@FCBayern) November 6, 2024
Beim Champions League-Vorrundenspiel gegen Benfica Lissabon ist der 1:0-Sieg des FC Bayern aus einem traurigen Anlass in den Hintergrund gerückt. Ein medizinischer Notfall auf der Tribüne der Allianz Arena… pic.twitter.com/t5Pek9O4FC