Еден од најодбрите фудбалери на Тотенхем и англиски репрезентативец Деле Али се одлучи за интересен потег пред почетокот на минатата сезона во Премиер лигата.
Имено, на неговиот дрес не го пишува презимето, туку само името – Деле. Неговото објаснување за таквиот потег беше дека тој повеќе не ја чувствува поврзаноста со презимето кое до тогаш го носеше на дресот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова не е одлука која ја донесов без размислување. Сакав на дресот да стои име кое многу подобро го претставува тоа што сум јас“, изјави играчот за врска.
На почетокот на минатата година англиските медиуми ја објавија тажната приказна на ѕвездата на Тотенхем. Неговата мајка го оставила кога имал 13 години борејќи се со зависноста од алкохол. Токму поради нарушениот однос со мајката, Али се одлучи за промена на името на дресот.
Али оваа сезона блескаше во дресот на Тотенхем и го привлече вниманието на најголемите европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид. Но, тешко е да се поверува дека ова лето ќе го напушти Тотенхем.