
Поранешниот кошаркар на Њујорк, Џони Грин почина на 89-годишна возраст.
Веста за медиумите во САД ја потврди неговиот син Џони Жуниор кој откри и дека неговиот татко имал проблеми со срцето и бубрезите околу една година.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
„Семејството Никси е многу тажно поради веста дека починал нашиот поранешен Ол-стар играч, Џони Грин кој беше познат како Џампин Џони. Нашите мисли се со неговите сакани“, стои во објавата на официјалната страна на НБА тимот од „големото јаболко“.
Грин за Њујорк играше во периодот од 1959 до 1969 година, а потоа настапуваше уште за Балтимор, Сан Диего, Филаделфија и Синсинати. Со висина од 196 сантиметри беше познат по блокадите, а кошарка професионално играше до 39 години.
Knicks family mourns the passing of Johnny Green. pic.twitter.com/75ipYkudUD
— NEW YORK KNICKS (@nyknicks) November 17, 2023