Шпанскиот интернационалец Сусо после цели четири години го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во Севиља.
Сусо изминатите сезони беше најважниот фудблер на „росонерите“, но оваа сезона играше под очекувањата, па Милан реши да го продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Шпанецот со емотивна порака се прости од италијанскиот клуб и истакна дека ќе му недостасува Милан, но најмногу црвено-црниот дрес.
„Ова беше многу тешка ноќ за мене, последна во Милан. Овде станав човек и никогаш нема да го заборавам кклубот и градот кој многу ги сакам. Секогаш давав се од себе за Милан и единствена цел ми беше да ги бранам боите на овој славен клуб, некогаш успевав, некогаш не, но секогаш давав се од себе. Благодарност до сите кои се или беа дел од овој голем клуб, ќе ми недостасувате сите, но најмногу прекрасниот црвено-црн дрес. Секогаш Милан ќе има посебно место во моето срце“, напиша меѓу другото Сусо.