Дома Македонски спорт Мак фудбал Супер старт: Младинците ја запишаа најголемата победа во едни квалификации

Супер старт: Младинците ја запишаа најголемата победа во едни квалификации

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес на одличен начин ги отвори квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Нашите млади репрезентативци имаа фаворитска улога против Фарски Острови и истата ја оправадаа со убедлива победа од 7:1 која воедоно е и најголемата во историјата на селекцијата до 21 година вп едни квалификации.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од самиот старт започнавме да создаваме шанси, но изненадувачки гостите први стигнаа до предност со гол од пенал во 19-тата минута.

Митровски кој денес постигна хет-трик изедначи во 26-тата минута и тогаш започна нашата голеада. Чурлинов шест минути подоцна стрелаше за водство, за во финишот од првиот дел Митровски одново да погоди за 3:1.

Ердон Даци на истекот на еден час игра го постигна четвртиот гол, петтиот беше дело на дефанзивецот Есмин Личина само три минута подоцна.

До крајот уште по еден постигнаа Чурлниов и Митровски за конечни 7:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…