Денес гледавме одлично скопско дерби на националната арена помеѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров.
Вардар беше клубот кој на стартот од натпреварот беше подобарп ротивник, па таквата игра резултираше со гол на Мирчевски во 19. минута од натпреварот. Продолжи Вардар да игра добро, но во првиот дел уште еден гол не видовме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За 2:0 се погрижи Матеј Цветановски после седум минути игра во вториот дел.
По тој гол следуваше еден пад во играта на Вардар. Калид многу брзо откако влезе во игра го искористи непотребното истрчување на голманот Илиќ и ја погоди мрежата. Десет минути подоцна ветеранот Боби Божиновски остана сам во шеснаесетникот и со глава погоди за 2:2.
До крајот видовме по некоја шанса и на двете страни, но резултатот не се промени.